Бизнис
20. јуни 2022 - 11:42

Бензинот ќе поевтини, а дизелот ќе поскапи од полноќ

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски ги соопшти новите цени на нафтените деривати кои ќе важат од полноќ.

Како што истакна тој, цената на дизелот ќе се зголеми за половина денар, додека пак бензините ќе поевтинат за 1,50 денари.

Во текот на денот се очекува да излезе официјалното соопштение со цените на нафтените деривати.