-->
-->
Бензините поскапуваат од полноќ
-->
Бензините поскапуваат за половина денар, цената на дизелот останува непроменета.
Регулаторната комисија за енергетика ги објави новите малопродажни цени на нафтените деривати по кои бензинските пумпи низ Македонија ќе го точат горивото од полноќ.
Цената на ЕУРОСУПЕР БС 95 од полноќ ќе биде 62,5 денари по литар, а на ЕУРОСУПЕР БС 98 64,5 денари за литар. ЕУРОДИЗЕЛОТ ќе се точи по стара цена од 49,5 денари за литар.
Половина денар поскапо станува и екстра лесното масло за домаќинство и неговата цена ќе биде 38,5 денари за литар. Мазутот поевтинува за 0,526 денари и новата цена изнесува 20,787 денари за килограм.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со отец Горан Стојчевски
-
Верниците го слават Велигден, црквата со порака за национално обединување и надминување на разногласијата
-
Со биење на камбаните најавено Христовото воскресение во Охрид
-
Вообичаен број интервенции на скопската Брза помош за продолжениот празничен викенд
-
Ден на македонскиот јазик
-
Групацијата за осигурување во вторник носи одлука дали ќе ги врати парите за полисите на граѓаните кои платија поскапо
-
Политичарите испратија пораки за мир и спокој на Велигден
-
Парламентарни избори 2024