-->
-->
Бензините од полноќ поевтинија - Ова се новите цени
-->

Бензините од полноќ поевтинија за половина денар, додека цената на дизелот остана иста.
Регулаторната комисија за енергетика ја донесе одлуката за малопродажните цени на нафтените деривати која стапи на сила од полноќ и важи во наредните две седмици.
Според последната одлука донесена вчера, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 0,50 ден/лит во однос на цената утврдени со Одлуката од 30.05.2016 година и со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 63,50 ден/лит. Од друга страна, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 1,00 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 30.05.2016 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 65,00 ден/лит. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), не се променуваат, односно остануваат на исто ниво како цените утврдени со Одлуката од 30.05.2016 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 50,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 38,50 ден/лит.a
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Почнува неделата на „Европски дијалози, европско наследство и иднина“
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Владата ја чека Фон Дер Лајен со предлог за разговорите со Бугарија
-

Останките на Цар Самуил од Солун во Софија, историски чин или политичка порака?
-

Дел од спотот на песната “Секси мама” на косовски рапер снимен во “Македониумот” во Крушево
-

Државните енергетски компании се подготвени за претстојната зима
-

Тероризам, киднапирања, оружје - тројца уапсени кои имаат поврзаност со ИСИС
-

Болестите на срцето водечка причина за смртност во Македонија
