Бензема го потпиша најскапиот договор во историјата на фудбалот
Францускиот фудбалер Карим Бензема вчера официјално стави потпис на тригодишен договор со саудискиот прволигаш Ал Итихад.
Според светските медиуми, довчерашниот напаѓач на Реал Мадрид од настапите во првенството на Саудиска Арабија ќе заработи 600 милиони евра, што неговиот договор во овој момент го прави најскап во историјата на светскиот фудбал.
Ал Итихад ќе биде само третиот клуб во кариерата на 35-годишниот Бензема, кој дебитираше во дресот на француски Лион, а го носеше дресот на Реал од 2009 година.
За мадридскиот клуб постигна 354 голови, со што е втор на вечната листа зад Кристијано Роналдо (450 голови).
Бензема, кој е актуелен освојувач на „Златната топка“, во дресот на Реал освои четири шпански титули, а пет пати ја освојуваше Лигата на шампиони.
Ново на Сител
-
Епископот г. Партениј посака благословена четириесетница и меѓусебно простување
-
Детектор за дигитализацијата
-
Пронајдена дрога во автомобил на наплатна рампа Сопот, велешко
-
Мицкоски: Прочка е ден кој не потсетува на значењето на простувањето, смирението и човечката блискост
-
Мицкоски и министрите ќе учествуваат на унгарско-македонскиот владин самит во Унгарија
-
Приведен 17-годишник кој бил агресивен кон полицајци на службена должност
-
Во Лос Анџелес доцна вечер почнува 97. церемонија на доделување на наградите Оскар
-
Пронајдени 10 пакувања со марихуана кај 18-годишник