Бенфика ќе продава венчаници и погребни пакети
Португалскиот фудбалски гигант „Бенфика“, кој се соочува со големи долгови, презентираше колекција венчаници, што ќе ги продава напоредно со вообичаените спортски реквизити.
Клубот на својот стадион одржа модна ревија на која беа прикажани 24 фустани, меѓу кои и неколку во клупските бои. Најскапиот чини околу 10.000 евра.
- Нашата цел е да го следиме животниот пат на нашите навивачи и навивачки. Како што имаме пелени и шишенца за бебиња, имаме и производи за другите животни фази, за најважните моменти на навивачот. Тоа ја вклучува и смртта, па на навивачите им нудиме намалување во неколку погребни претпријатија. Таа понуда вклучува и опција - на погребот да се свири химната на „Бенфика“, изјави Жозе Симао, маркетиншки раководител на клубот.
Шампионската премија за „Бенфика“ за минатата сезона изнесуваше рекордни 20,4 милиони евра, но португалскиот првак има долг од 455 милиони евра.
Ново на Сител
-
Повисока цена по километар за приватните превозници, билетот за граѓаните не се менува
-
Тема на денот со Златко Перински, министер за локална самоуправа
-
Изгласан Буџетот на Град Скопје за 2025 година
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинителството се повлекува од гонење на Вељановски, Ристовски и Јанакиевски за 27 април
-
Ќе се разрешуваат членови на Судски?
-
Христовски ги исполнил условите
-
Османи: Груби згреши што избега