Белгискиот премиер смета дека е време ЕУ да донесе конечна одука за членството на Турција
Белгискиот премиер, Шарл Мишел, изјави дека е време Европската Унија да донесе конечна одлука во однос на напорите за членството на Турција во ЕУ, пренесоа американските медиуми.
„Мазохизмот треба да има свои граници“, порача премиерот Мишел по повеќемесечните провокации од страна на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.
Мишел посочи дека го има чувството дека процесот за членство не е правилната форма за спроведување на успешен дијалог со Турција.
- Турција секогаш ќе биде наш сосед, така што има голем стратегиски интерес за дијалог, рече Мишел и дополни дека е дојден „моментот на вистината со Турција“
Ердоган неодамна победи на референдумот со кој се зголемија надлежностите на претседателот. Тој самиот посочи дека е можно да се организира и референдум за прашањето дали земјата да продолжи со своите напори за членството во ЕУ.
Ново на Сител
-
Бејби Лазања ја одби владината парична награда од 50.000 евра
-
Построги казни за пиење алкохол на јавно место на Мајорка и Ибица
-
Новости на „Гугл“ за „Андроид“
-
Роналдо повторно е најплатениот спортист во светот
-
Јувентус ќе игра против Милан во полуфиналето на италијанскиот Суперкуп
-
Ѓоковиќ: Никогаш нема да кажам кој е најдобар тенисер во историјата
-
Управниот суд денеска ќе расправа по тужбите на Европскиот фронт
-
Разговорите за нова влада во тек, Управен треба да одлучува по одлуките на ДИК за прегласување