Белгија сака да избегне италијанско сценарио
Белгија синоќа воведе строги мерки за борба против Ковид-19, јави дописничката на МИА.
Националниот совет за безбедност синоќа одлучи затворање на училиштата и унверзитетите. Сите активности, спортски, културни, фолкорни како карневалите (чести во овој дел на годината), јавни или приватни, се откажуваат. Сите ресторани, кафеани, дискотеки исто така затвораат. Исклучок се хотелите.
Аптеките и дуќаните со храна остануваат отворени а другите дуќани можат да работат преку недела но за викенд затвораат.
Затворањето на училиштата беше тема за долга дебата со рамките на Националниот совет за безбедност. Валонија, на југот на земјата беше за затворање додека Фландрија на северот беше против па тоа ја натера федералната влада да пресече и да ги затвори училиштата.
Децата чиишто родители мораат да одат на работа, ќе можат да бида згрижени во самото училиште од страна на негуватели. Властите сакаат да избегнат децата да им оставени на бабите и дедовците кои се ризична група.
Мерките ќе бидат применувани од ноќта помеѓу петок и сабота и ќе важат до 3 април вечерта кога почнува Велигденскиот распуст.
Јавниот транспорт продолжува да функционира но властите упатија покана до фирмите да организираат варијабилно работно време за да не се оптеретува јавниот превоз.
– Остануваме во фазата 2, фаза во која се обидуваме да го спречиме ширењето на вирусот во земјата, рече премиерката Софи Вилмес. И додаде дека Белгија «сака да избегне ситуација како таа во Италија».
Белгија има 11,4 милиони население а до вчера беа регистирани 399 заразени лица и три смртни случаи на постари лица.
Ново на Сител
-
Трет обид за ликвидација на Раде Трајковски Штекли - Фрлена бомба во двор на неговата куќа
-
Собранието ја стартува расправата за буџетот, поднесени над 300 амандмани
-
Таравари до Ахмети: Наместо избори, работете на реформи во партијата и адаптација во опозицијата
-
Утре стартува јавната дебата за реформи во судството
-
Само 12% од компаниите имаат вработени ит експерти, Македонија зад европскиот просек
-
Социјално ранливите се борат со глад
-
Преглед на вестите од светот
-
Минималец од 450 евра сега, во март ќе бараме повеќе