Свет
5. May 2016 - 8:46

Белгија ќе ги казнува со затвор мигрантите, кои нелегално пристигнале во пристаништата

Белгискиот Парламент усвои законски измени, според кои мигрантите, кои нелегално пристигнале во пристаништата на земјата ќе бидат казнувани со затвор од шест месеци до една година.

Усвојувањето на измените е поврзано со стравувањата дека голем број мигранти од растурениот камп покрај францускиот град Кале ќе се обидат преку белгиските пристаништа да стигнат до Велика Британија.

Предвидено е казните да бидат двојно поголеми, доколку делото се повтори во период од пет години.