Свет
27. јуни 2016 - 21:31

Белата куќа: Очекуваме излегувањето на Велика Британија од ЕУ да биде уреден процес

Белата куќа соопшти дека САД очекува ЕУ и Обединетото Кралство да се договорат за тајмингот на процесот за транзиција по гласањето на Велика Британија за излез од Унијата. 

- Ние очекуваме тоа да биде уреден процес. Тоа мора да биде процес и одлука, временска рамка која Обединетото Кралство ќе ја направи заедно со ЕУ, истакна портпаролот на Белата куќа Ерик Шулц. 

Тој исто така нагласи дека, американскиот претседател Барак Обама е посветен на договорот за Трансатлантското партнерство за трговија и инвестиции (ТТИП), за кој САД преговара со ЕУ, и дека работата на договорот ќе продолжи. 

- Во овој момент се работи на тоа да се види на кој начин одлуката за Брегзит ќе се одрази на преговорите, наведе Шулц.