Белата куќа не ја исклучува можноста од терористички акт во урнатиот руски авион во Египет
САД не ја исклучуваат можноста терористички акт да е причина за падот на рускиот патнички авион во Египет, соопшти Белата куќа.
САД досега не ја утврдија причината за авионската несреќа, додаде портпаролот на Белата куќа Џош Ернест, цитиран од ДПА.
-Ние се уште не ја утврдивме причината. Но не можеме да исклучиме ништо, вклучувајќи ја и можноста за терористички акт, додаде тој и одби да даде коментар на прашањата поврзани со разузнавањето.
-Во САД се разгледуваат дополнителни безбедносни мерки во некои летови, но уште не се донесени никакви решенија, рече Ернест.
Франција ги советуваше своите државјани да не заминуваат за Шарм- ел-Шејк, на Синајскиот Полуостров во Египет, каде во саботата се урна рускиот авион, освен доколку имаат неодложна причина, на пример, од професионален карактер, соопшти француското МНР.
Советот на француското МНР е ставен на сајтот на институцијата и се однесува и на градот Таба, што се наоѓа, исто така, на Синајскиот Полуостров, информираа француските медиуми.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Панче Тошковски, Министер за внатрешни работи
-
Компаниите и владата мора заедно да работат за дигитална трансформација
-
Четири јавни дебати за реформи на Судскиот совет
-
Нов обид за убиство на Раде Штекли – бомба одекна во Ќерамидница
-
Убиство од небрежност
-
Почна собраниската дебата за буџетот за 2025
-
Директорите незаконски си ги зголемиле платите додека Пошта тоне во длабока финаниска криза
-
Мицкоски ги повика турските компании да аплицираат за унгарскиот кредит