Белата куќа ги поздрави напорите на Турција во борбата против ИД

Белата куќа ги поздрави денеска напорите на Турција во борбата против екстремистичката група Исламска држава (ИД) и ја нарече Курдската работничка партија (ПКК) „терористичка организација“.
Ова го изјави официјален претставник на Белата куќа на прес-конференција во Најроби, за време на посетата на американскиот претседател Барак Обама.
САД претходно ги осудија нападите кои ги извршиле припадниците на ПКК во Турција.
Заменик специјалниот американски пратеник за борба против ИД, Брет Мекгурк напиша на Твитер дека „нема врска“ меѓу турските воздушни напади врз позиции на ПКК и договорот за интензивирање на борбата против ИД.
Курдските бунтовници вчера соопштија дека условите за зачувување на примирјето со Турција повеќе не се во сила, откако турски воени авиони го бомбардираа нивното упориште во северниот дел на Ирак.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Дарко Аврамовски - коалиција „Сите за правично судење“
-

Утре Брвеница бира нов градоначалник
-

Македонската Народна банка ги следи ризиците откако српската „АЛТА банка“ остана без дозвола за работа
-

Три случаи на морбили во Македонија - опасност од ширење на локално ниво
-

Охрид една од најбараните локации за купување станови
-

Собирен центар за текстилен отпад во Штип
-

По 19 пат „Фестивал на костенот“ во М. Брод
-

Само 8% од ромките се вработени, економска зависност и насилство
