Белата куќа ги брани забраните за влез на дел од учесниците на Светското првенство во фудбал 2026

Висок функционер на Белата куќа ја бранеше одлуката на американската администрација за забрана на влез во САД на неколку меѓународни учесници на претстојното Светско првенство во фудбал 2026 година, нагласувајќи дека мерките се неопходни за да се осигури максимална безбедност за време на турнирот, јавува агенцијата Анадолија.
Ендрју Џулијани, извршен директор на Работната група на Белата куќа за Светското првенство, изјави дека одлуката за одбивање влез на сомалискиот судија Омар Абдулкадир Артан е донесена со „многу добра причина“, без притоа да открива дополнителни детали.
Оваа мерка доаѓа по низата остри изјави на американскиот претседател Доналд Трамп против оваа африканска земја. Зборувајќи за визните компликации со иранската делегација, Џулијани појасни дека иако 31 фудбалер и стручниот штаб добиле одобрение, на неколку други функционери им бил одбиен влезот, под сомнение дека лажно ги претставиле своите улоги во тимот и дека администрацијата нема да дозволи влез на лица поврзани со иранската Револуционерна гарда. Иранскиот тим привремено ќе биде стациониран во Тихуана, Мексико, од каде што ќе патува за натпреварите во Лос Анџелес.
Светското првенство во фудбал 2026 година ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули во 16 градови домаќини во Канада, Мексико и САД, а финалето е закажано на стадионот во Њу Џерси. Џулијани најави дека безбедноста на сите натпревари во САД ќе биде на ниво на „Супербол“, со повеќестепени контроли за навивачите кои ќе започнуваат уште во јавниот превоз. Сите 78 натпревари ќе бидат заштитени со системи за сузбивање на беспилотни летала (УАС), за што сојузната влада одвои грант од 500 милиони долари, а ФБИ формираше специјализиран центар за обука на локалната полиција. Воедно, Вашингтон, Отава и Мексико Сити постигнаа трилатерална соработка за целосна синхронизација на здравствените и безбедносните протоколи со цел да се спречи евентуално прекугранично ширење на заразни болести.
МИА
Ново на Сител
-

Приведени 15 возачи за безобѕирно управување возило, сите возеле без возачка и меѓу нив тројца малолетници
-

Се реализираат активности за враќање на редот и достоинството на главниот град - велат од Град Скопје
-

Ризик фактори кои му претходат на речиси секој срцев и мозочен удар
-

17-годишник од Карбинци тешко се повредил при пад од коњ
-

Серена и Венус Вилијамс ќе играат двојки на Вимблдон
-

Трамп: Русија треба да се согласи на договор со Украина
-

Кремљ: Путин не доби официјална покана да присуствува на преговори на Самитот на Г7
-

Бебе оставено на клупа во парк во Шуто Оризари
