-->
-->
Бела течност со неиспитани својства се испушта во водите на река Брегалница во Делчево
-->

Бела течност со неиспитани својства, според делчевските риболовци предизвикува сериозна опасност по животинскиот свет во река Брегалница во Делчево. Фотографии од глетката, како што тврдат самите риболовци, веќе се доставени до надлежниот инспекторат, од каде како одговор им било наведено дека не е забележан помор на риби и затоа не се во можност да излезат на терен.
-Испуштањето течност е забележано кај познатата делчевска млекара и како што може да се забележи на фотографиите прилично бргу истекува течноста. Не може со сигурност да потврдиме за колкава количина и за каква течност станува збор, но она што може да ги потврдиме дека оваа појава е доста честа. Од надлежниот инспекторат ни наведоа дека не е забележано угинување на рибниот фонд поради што немаа основ за излегување на терен и проверка на состојбат, велат делчевските риболовци.
Надлежните во споменатата млекара, за МИА истакнаа дека се работи за компромитирачки фотографии направени во понеделник, а објавени во среда. Околу тоа дали и каква течност се испушта не дадоа свој коментар.
Ова не е прв пат во Делчево да се забележи испуштање течност која директно се слева во река Брегалница во Делчево. Пред година ипол беше поднесена кривична пријава, до како што тогаш беше наведено, непознат сторител кој предизвика помор на риби во коритото на река Брегалница, но до ден денешен, како што тврдат риболовци судскиот процес против наводниот сторител сè уште трае
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

17-годишна девојка загина во сообраќајка на патот Битола-Прилеп
-

Уапсен 31-годишен Мексиканец, пијан нападнал полицаец со тврд предмет во Ѓорче Петров
-

ССМ: Синдикалната минимална кошница за септември 69 432 денари
-

Утре локални врнежи и услови за невреме, до крајот на неделата посвежо
-

Две лица загинаа а три се тешко повредени во сообраќајка кај Агино Село
-

Ѓорѓиевски: На лице место фатен како создава депонија, за секоја ваква постапка нема толеранција
-

„Октоберфест“ почна со инцидент: Посетители виселе со главите надолу поради дефект на реквизит
-

НАТО: Подготвени сме да одговориме на евентуална руска ескалација
