-->
-->
Бела куќа: Изјавата на Трамп го дисквалификува како кандидат
-->

Белата куќа ги повика денеска републиканците да ја отфрлат кандидатурата на нивниот претседателски кандидат Доналд Трамп по изјавата дека „на муслиманите треба да им се забрани влез во САД“.
Портпаролот на Белата куќа Џош Ернест рече дека кампањата на Трамп личи на „буниште на историјата“, како и оти неговите забелешки се навредливи и отровни.
Ернест додаде дека останатите републикански кандидати, кои ветија дека ќе го поддржат оној кој што ќе победи, „треба веднаш да се откажат од Трамп“.
Претендентот за кандидатура на Републиканската партија на претседателските избори во САД Доналд Трамп ги отфрли критиките дека неговиот предлог на муслиманите да им се забрани влез во САД е неамерикански и порача оти САД „сега се во војна“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: Салата „Работнички“ во Центар добива целосно нов лик и функционалност
-

Ботокс и трендови: Го бришеме ли карактерот? | Бобан Груевски | Sitel Podcast 135
-

Трамп најави царини од 10 проценти за осум европски земји поради Гренланд
-

Општина Аеродром: Осуда за вандализмот во паркот „Бановина“, случајот пријавен во полиција
-

ЕСМ: Нормализирана испораката на парно за најголем дел од потрошувачите
-

Половина Скопје без парно
-

Хамнеи: Трамп е виновен за жртвите и штетите во Иран
-

Фатен бегалец од Затвор „Идризово“ и вратен во затворот
