Бектеши: Зејтинот ќе поевтини кога целосно ќе се отворат увозните коридори од Украина
Министерот за економија на Северна Македонија, Крешник Бектеши кажа дека ги имаме потребните количества масло за задоволување на внатрешните потреби во гостување на ТВ 21.
– Во јавноста е креирано мислење дека ние 100 проценти увезуваме од Србија, што не е точно. Нерафирано масло и сончоглед, Северна Македонија главно увезува од Република Бугарија и моментално се увезува од Украина, затоа што трговците, сигурно во соработка со државните институции, отвориле различни коридори за да се увезува маслото, рече Бектеши.
Тој исто така одговараше на прашање како е одлучено да се извезува маслото за јадење во Албанија, односно истакна дека кризата треба да ја менаџираме заеднички како регион.
– Со цел да бидеме посолидарни и да ја зголемиме трговската размена меѓу нашите држави мислевме дека е соодветно да извезуваме рафинирано масло за јадење. Што се однесува до нерафинираното масло и сончогледот, моментно имаме доволни количества за производство. Намалувањето на цената на маслото за готвење зависи од светската берза и увозните цени. Но, ако се отворат сите коридори на увезување од Украина, која е најголемиот производител на сончоглед не само во Европа, туку и пошироко, тогаш верувам дека ќе имаа стабилизирање на цените, рече Бектеши.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Кржаловски
-
Филипче: Родовите прашања се сведуваат на прашања за доминација, тоа е погрешно
-
Интервентни мерки во вторник за поевтина храна, најави премиерот
-
Најави за странски инвестиции
-
Полициските контроли резултираа со намален број на интервенции на сообраќајки на Брзата помош
-
Тошковски: Селективната примена на закони ја загрозува правдата
-
Мицкоски: Победуваме на локални, имаме предност од 4:1
-
Мицкоски бара јавен притисок за промени во Судскиот совет