Бектеши: Штетата од забраната за извоз на компири и мед во Косово е речиси нула

Нема да претрпиме речиси никакава штета од забраната за увоз на компири и мед од земјава во Косово, а наметнатата бариера нема да има никакво влијание на македонската екомомија, оцени денеска министерот за економија Крешник Бектеши.
Тој нагласи дека веќе е реализиран околу 70 отсто од извозот на овие два производа во Косово и додаде дека по воведувањето на забраната се добиени дозволи за извоз на компири и мед на европските пазари.
-Штетите за македонската економија од забраната за извоз на компири и мед во Косово речиси се нула, имајќи во предвид дека нашите производи можат да се извезуваат и на други пазар, особено медот. Во рок од еден месец по воведувањето на забраната веќе ги исполнивме и сите услови и компирите да се извезуваат на европските пазари, а и досега е реализиран над 70 отсто од извозот на овие два производа во Косово, рече Бектеши во одговор на прашање пред почетокот на отворањето на понудите од Јавниот оглас за доделување на премии за електрична енергија произведена од фотонапонски централи.
Бектеши прецизира дека по состанокот со косовскиот колега Шаља се договориле најдоцна до почетокот на неделава Косово да достави документација дека спроведуваат активен и пасивен мониторинг за одгледување на икри и подмладок на риба и додаде дека се уште не ја добиле таквата документација.
-За нас како држава е многу важно да ги исполниме условите и барањата од Европската Унија бидејќи во најкраток можен рок ќе добиеме лиценца и дозвола за да може да извезуваме риба на европскиот пазар, рече Бектеши.
Прашан дали очекува со најавениот ребаланс наБуџетот да се скратат средства за Министерството за економија, Бектеши рече дека очекува да добијат повеќе средства.
-Во Министерството за економија нема д аима кратење на средства,напротив очекуваме да добиеше повеќе средства, имајќи во предвид дека има голем интерес од страна на граѓаните за мерките што ги спроведуваме, рече Бектеши и најави дека од 1 октомври ќе почне субвенционирањето за вградување плински уреди во возилата.
Ново на Сител
-

Вкупно 37 пожари на отворено низ државата изминатото деноноќие, три се активни
-

Обединетите Арапски Емирати објавија дека сите трговски, економски и финансиски трансакции со Иран се суспендирани
-

Најмалку девет лица загинаа во пожар во хотел во Калкута
-

Сончево и топло со локална облачност, попладне во планинските региони можен дожд
-

Зголемен интензитет на сообраќајот надвор од градските средини
-

Клековски: ПЕТ-скенот не е расипан, проблем е циклотронот, се прави сè што е можно побрзо да се набават суровини за него
-

Ангелов: Пожарот во Мариово повторно се активира, огнената линија се протега на 20 километри
-

НП „Шар Планина“ со апел до возачите на моторни возила да ја намалат брзината при движење низ планинското подрачје
