Бектеши: Се прават анализи за замрзнување на цените на јајцата, оризот и шеќерот
Очекуваме солидарност од сите стопанственици во нашата држава за кризата да не биде на грбот на граѓаните, изјави за МИА министерот за економија Крешник Бектеши, во пресрет на утрешното стапување во сила на замрзнатите цени на дел од тестинините и млечените производи.
Министерството за економија прави дополнителни анализи на податоците за евентуално проширување на одлуката на Владата за замрзнување на цените. Сите одлуки, како што вели Бектеши, се носат заедно со здруженијата и коморите.
Согласно со одлуките што беа донесени минатата недела од утре ќе бидат замрзнати цените на тестенините и на дел од млечните производи. Цените на тестенините (макарони и шпагети) на полиците во маркетите ќе бидат пониски за 15 проценти, а на млечните производи (кравјо млеко 2,8 проценти,3,2 проценти, 3,5 проценти, како и јогурт, кисело млеко, павлака, кравјо и мешано бело сирење и кравји кашкавал) ќе бидат пониски за 10 проценти.
-Дополнително, Министерството за економија прави анализи за проширување на одлуката за замрзнување на цените на другите основни производи кои беа опфатени во Одлуката за замрзнување на маржата, односно за јајцата од кокошка, македонски ориз, бел шеќер. Штом ќе бидат готови анализите на податоците за овие производи ќе донесеме одлука дали мерката за замрзнување на цените ќе се прошири и кај нив. Сите одлуки ги носиме заедно со здруженијата и коморите. Очекуваме солидарност од сите стопанственици во нашата држава за кризата да не биде на грбот на граѓаните, изјави Бектеши за МИА.
Ново на Сител
-
Македонија води на полувреме против Словенија
-
Без струја утре делови од Аеродром, Центар и Ѓорче Петров
-
Челси не сака да го задржи Санчо
-
Стани мастер на својот ум | Кристина Дескоски | Личен развој | Sitel Podcast 085
-
Обвинителството соопшти дека поради намален ризик од бегство Јахоски добил куќен притвор во случајот за набавка на мазут
-
Жена удрила 18-годишно девојче со автомобил, па избегала
-
БНД: Коронавирусот потекнува од лабораторија во Вухан
-
Приведен 74-годишен маж од Скопје, бил агресивен кон полицајци