Бектеши: Пратениците да го усвојат предложениот закон за заем од Светска банка за енергетска ефикасност
Министерот за економија Крешник Бектеши денеска упати апел до пратениците, посебно до оние од опозицијата, да го усвојат Предлог-законот за задолжување во Светска банка за реализација на проекти за енергетска ефикасност.
Со законот, рече Бектеши, ќе се овозможи реализација на многу важни проекти за здравствените установи, општините и институциите.
-Би сакал да ги повикам сите пратеници, посебно пратениците на опозицијата, да го усвојат заемот од Светска банка што е веќе доставен до Собранието, во делот на енергетската ефикасност, каде ќе им се овоможи и на општините, но истовремено ќе се овозможи и на државната техничка помош во имплементација на многу важни проекти каде нашите општини и другите надлежни институции ќе ја намалат потрошувачката на енергија во работењето, рече Бектеши на прес -конференција на потпишување на договор за проект за улично осветлување во Крива Паланка.
Тој информира дека Секторот за енергетика во рамки на Министерството за економија ги заврши сите подготовки за аплицирање за грант вреден 600.000 евра со кој ќе се изготви физибилити студија за државните институции за моменталната состојба, а потоа и план и програма за инвестирање во подобрување на енергетската ефикасност на државните институции, но и на здравствените установи.
-Годинава ќе продлжи реализацијата на програмите од Програмата за енергетска ефикасност. Средствата се зголемени и затоа граѓаните нека ги следат будно сите јавни повици за да ги искористат можностите кои ги даваме, подвлече министерот за економија.
Како што соопшти Министерството за економија, Предлог-законот за задолжување во Светска банка за реализација на проекти за енергетска ефикасност, неколку месеци е блокиран од страна на опозицијата во Собранието.
Според Министерството, Бектеши бара од пратениците побрзо да се донесат законите за реализација на мерките од петтиот сет. Тој е убеден, наведува Министерството, дека решенијата ќе бидат поддржани од страна на сите пратеници зашто се насочени и кон компаниите и кон зачувување на работните места во приватниот сектор, а има и мерки кои директно влијаат врз загрозените граѓани во нашата држава.
Ново на Сител
-
Две лица во Струга предизвикале пожар на градската депонија
-
Починат 55-годишен скопјанец однесен во ГОБ „8 Септември“, телото на обдукција
-
Обид за убиство во струшко - приведени две лица
-
Вулкан на Камчатка еруптира за прв пат по 600 години
-
Германски градови планираат да примат деца од Газа и Израел
-
Јубилеј на младите: Повеќе од еден милион луѓе на миса во Рим
-
Албанија: Од 2021 година странците купиле имот во вредност од 1,3 милијарди евра
-
Австралија доживеа најголеми снежни врнежи во последните децении