Бектеши на министерски состанок за регионална соработка и енергетска безбедност во Софија

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска ќе учествува на министерски состанок за Регионална соработка за енергетска безбедност, диверзификација и зелена транзиција, што ќе се одржи во Софија, Република Бугарија.
На состанок, во организација на Министерството за енергетика на Бугарија, покрај министерот Бектеши и домаќинот, министерот за енергетика на Бугарија, Александар Николов, ќе учествуваат и Дите Јоргенсен, Генерален директор на Директоратот за енергија на Европската комисија (ДГ ЕНЕР), Константинос Скрекас, министер за енергетика и животна средина на Грција, Виргил Даниел Попеску, министер за енергетика на Романија, Зорана Михајловиќ, вицепремиер и министер за рударство и енергетика на Србија, Парвиз Шахбазов, министер за енергетика на Азербејџан, Герман Галушченко, министер за енергетика на Украина, како и Алпарслан Бајрактар, заменик- министер за енергетика и природни ресурси на Турција.
Како што е најавено од Министерството за економија, на настанот треба да се обрати и премиерот на Република Бугарија, Кирил Петков.
Министрите на земјите од регионот на состанокот со претставници од Европската Унија ќе разговараат за енергетската безбедност, потребата за итна рекација во нарушувањето со снабдување со енергенси како резултат од кризата во Украина, како и долгорочните проекти и стратешки цели за поголема енергетска безбедност и снабдување со енергнси во регионот.
Ново на Сител
-

Лидерот на опозицијата во Гренланд повика на директни преговори со САД за статусот, без Данска
-

Лажен лекар измамил 77-годишна штипјанка за сума од 700.000 денари
-

ЦУК: Проблеми со поплави во Охрид, Кичево, Битола, Гостивар и Тетово
-

Во Ресен препорачно да не се пие водата заради нарушен квалитет
-

Од утре дожд, снег и ветер
-

Македонците во Брисел го чествуваа Божик
-

Трошоците на живот на годишно ниво зголемени за 4,1 процент, а цените на мало за 3,6
-

Во првите десет месеци лани увезени 566,6 тони кафе, најмногу од Бразил, Италија и Косово
