Бектеши: Ако треба ќе донесеме дополнителни мерки за ублажување на цените
На Владата и се на располагање дополнителни автономни мерки и ако утврдиме дека дополнително може да се влијае во делот на ублажување на цените откако ќе се направат потребните анализи ќе бидат донесени, најави вечерва министерот за економија Крешник Бектеши.
Како што рече Бектеши во гостување на ТВ Сител, досега се направени над 1100 контроли од Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи и се изречени соодветни казни, но мерките главно се почитуваат.
Мерките што се во сила како таа за намалување на ДДВ за основните прехранбени производи и таа за утврдување на маржите на трговците на големо и мало, според него, имаат влијание но, како што нагласи, треба да имаме во предвид и дека секако можат да влијаат и цените на репроматеријалите кои се увезуваат во нашата држава во делот на произвдоствената цена која се формира од страна на производителите.
– Ние во делот на трговијата на големо и мало сме интервенирале во профитните маржи, каде што за три производи утврдивме да нема никаква маржа, а за другите да има 4 и 3 проценти и тоа го следиме секојдневно преку инспекторатот. Дополнително, ако треба на наредната седница ќе донесеме и дополнителни мерки од автономните кои ги имаме на располагање.Тоа би било укинување на одредени квоти кои се предвидени за одредени земјоделски производи, а дополнително и царински давачки. За одредени производи имаме царинска стапка од 29 проценти, од 32 проценти, тие ќе ги укинеме целосно, се со цел да има што поголем број на производи и можност за трговците во нашата држава да имаат поконкурентни цени. Утре, задутре ќе ги направиме последните анализи за начинот како се спроведуваат и ефектите што ги имале мерките, ако утврдиме дека дополнително може да се влијае во делот на ублажување на цените секако дека во текот на оваа недела ќе ги донесеме, рече Бектеши.
Утре, задутре, дополни министерот, ќе имаме точни извештаи, ќе ги разгледаме на Влада и ќе донесеме соодветни мерки.
Според него, продолжувањето на одлуката за забрана на извоз на житни култури и на маслото за јадење до 15 април наместо првичните предвидени 10 дена, не значи дека државата се соочува со недостаток.
-Не, имаме доволно залихи од овие производи и суровини. Мерката ја продолживме заради тоа што има простор да се направи манипулација. Во моментот кога Србија објави дека ќе забрани извоз на одредени производи веднаш од соседните држави почнаа да даваат двојно или тројно поголеми цени на нашите компании и одредени сакаа да го насочат нивното производство за извоз, а не за домашниот пазар, што би можело да влијае во нашите цениа внатре во државата и затоа ние одлучивме да забраниме, рече министерот Бектеши.
Ново на Сител
-

Трамп ги нарече сојузниците „кукавици“: НАТО е „тигар од хартија“ без САД
-

Уапсени девет возачи за безобѕирно управување возило, шест од нив возеле без дозвола, меѓу кои и еден малолетник
-

Вучиќ: Србија не е опасност за регионот
-

ПМФЛ: Работнички го совлада Силекс, Тиквеш убедлив против Брера
-

ОЈО ГОКК бара притвор за директорот на Државниот инспекторат за земјоделство за примање поткуп од 50 000 евра
-

Почина легендарниот Чак Норис
-

Саудиски министер за надворешни работи: Го задржуваме правото да преземеме воена акција против Иран
-

Аксиос: САД размислуваат за заземање на иранскиот остров Харг за да го принудат Техеран повторно да ја отвори Ормуската Теснина
