Бејли: Работиме за да и помогнеме на Македонија
Работиме за да и помогнеме на Македонија да се движи напред кон членството во НАТО и ЕУ, и да ја надмине политичката криза, порача синоќа од прославата за Денот на незавосноста на САД американскиот амбасадор Џес Бејли.
- Работиме за да и помогнеме на Македонија да се движи напред кон членството во НАТО и ЕУ. Тоа значи да се работи за решавање на политичката криза на Македонија, за зајакнување на владеењето на правото и демократските институции како што е наведено во Договорот од Пржино. Тие напори доминираа по вестите, но ние исто така знаеме дека Македонија е многу повеќе од тоа што се пишува во насловите на вестите. Македонија е нејзиниот народ, нејзиното наследство, нејзините природни убавини од Шар планина се до Дојранското езеро, од Охридското и Преспанското езеро до Осогово. За да ја запознаеме и разбераме Македонија, мора да го кренеме погледот од нашите дневни преокупации и да ја цениме оваа убавина што не опкружува. Јас сум благословен што можам да го правам тоа од тука, секој ден, истакна Бејли.
На прославата по повод 240-годишнината на независноста на Америка, на која присуствуваа целиот државен врв, министри во владата, претставници на институции, на НВО секторот, на верските заедници, дипломатскиот кор, амбасадорот Бејли укажа и на потребата од визионерство во надминување на тековните кризи.
- Абрахам Линколн рекол „најдобриот начин да се предвиди иднината, е таа да се создаде“. Додека се соочуваме со конфликтите и предизвиците на денешницата, треба да се потрудиме да ги решиме со цел идните генерации да можат да се гордеат со нашите одлуки, и да можат да се сеќаваат на нив во места на кои сме направиле добри избори во вистински моменти, рече Бејли.
Оваа година амбасадорот Бејли акцент во говорот стави на одбележувањето 100 години од Службата на националните паркови во САД.
Прославата традиционално заврши со спектакуларен огномет.
Ново на Сител
-
Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228