Бејли: Неопходно е нормално работење на СЈО и Собранието
Американскиот амбасадор во Македонија Џес Бејли смета дека е добро политичките партии и сите институции да работат на отстранување на пречките за нормално работење на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), Собранието да работи нормално и да продолжи спроведувањето на Пржинскиот договор.
- Ги поттикнуваме сите политички партии и институции да работат на отстранување на сите пречки за СЈО. Тоа е многу важно за воспоставување одговорност за прислушувањето и разговорите кои произлегоа од него, изјави амбасадорот Бејли при неговата денешна посета на мегалитската опсерваторија Кокино каде што најави инфраструктурни реновирања на локалитетот, финансирани од УСАИД и Владата на Швајцарија преку проектот за експанзија на мали бизниси и локалната акциска група Абер 2015.
Во исто време, додаде Бејли, многу е важно и нормалното работење во Парламентот.
- Како што кажа Европската унија вчера, одговорноста на партиите е да продолжат да го спроведуваат Пржинскиот договор и да ја движат Македонија кон членство во ЕУ и НАТО, потенцира американскиот амбасадор Џес Бејли.
Ново на Сител
-
Почнува комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година
-
Македонските фудбалери вечерва ја пречекуваат Летонија
-
Борел предложи ЕУ да го прекине политичкиот дијалог со Израел
-
Гувернери на државите во САД создадоа група за да се спротивстават на политиките на Трамп
-
Состојба на патиштата
-
Облачно со повремен дожд, а на планините снег
-
Кандидатите за членови во Советот на Агенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги реферираа пред Комисијата за избори и именувања
-
СОС Детско село ја доби Цветиновата награда за мир