-->
-->
Бејли: Македонија и Грција да дојдат до заедничко решение
-->
Американскиот амбасадор Џес Бејли денеска го повтори ставот на американскиот помошник државен секретар за Европа и Евроазија Вес Мичел кој вчера за време на посетата на Скопје изјави дека САД се заинтересирани спорот за името да биде решен и оти одлуката за тоа треба да ја донесат Македонија и Грција.
- Ние внимателно ги следиме Македонија и Грција, кои се наши пријатели и сојузници. Се надеваме дека тие заедно ќе можат да дојдат до заеднички прифатливо решение за името кое ќе им помогне на двете држави и на регионот, изјави амабсадорот Бејли на новинарско прашање за време на првиот годишен Форум на градоначалници во организација на Мировниот корпус на САД во Македонија и Министерството за локална самоуправа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Поплавени земјоделски површини и дворови во селата Муртино и Сачево, состојбата со водотеците во струмичко се стабилизира
-

Честитка од Мицкоски за Свети Сава: Пораките на овој голем светител нека придонесат за заемна почит, дијалог, мир и стабилност
-

Сиљановска-Давкова: Пораката на Свети Сава за единство и љубов е поважна од кога било
-

Пронајдена дрога во Скопје, лишени од слобода две лица | ФОТО
-

Најмногу дожд во Крива Паланка, најстудено на Попова Шапка
-

Камионските превозниците втор ден го блокираат товарниот сообраќај на граничните премини
-

Франција забрани социјални медиуми за лица под 15 години
-

Мицкоски на увид на инфраструктурни проекти во Општина Гази Баба
