-->
-->
Бејл: Велшките играчи треба да се гордеат со себе
-->
Капитенот на Велс, Герет Бејл го коментираше поразот (0:3) од Англија синоќа на натпреварот од Светското првенство во 2022 година.
– Беше тежок натпревар против многу добар тим. Разочарани сме од резултатот, но мора да разбереме дека изминавме долг пат за да го постигнеме ова. Треба да бидеме горди на себе што сме тука. Дадовме се, и сите ќе излеземе од соблекувалната со кренати глави и горди на постигнатото. Многу сме разочарани бидејќи би сакале да играме подобро, но реалноста е дека фудбалот е тежок. Мораме да научиме од ова искуство и да гледаме напред, изјави Бејл, цитиран од Би-би-си.
Селекцијата на Велс на три натпревари освои еден бод и заврши на четвртото место во својата група.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Големиот пожар кај Струмица е ставен под контрола
-

Сиљановска-Давкова ги додели наградите на победниците на 39. Охридски пливачки маратон
-

Ангелов: Ова е еден од најтешките денови, активни се над 15 пожари на отворен простор
-

Во гаснењето на пожарот кај Струмица се вклучи и еден ер трактор
-

Ѓорѓиевски: Запуштениот тревник на плоштад ,,Македонија” станува мала зелена оаза
-

СВР Скопје и ДЗС со превентивна акција за заштита од пожари во Чучер Сандево
-

Уште еден смртен случај од западнонилска треска, вкупно пет починати досега
-

Кривична пријава против Латвиец за криумчарење мигранти
