Бегај: Приштина да ги следи сугестиите на САД за дијалогот со Србија, не ни треба самоизолација
Албанскиот претседател Бајрам Бегај ги повика властите во Косово да ги следат препораките дадени од САД за процесот на дијалог со Србија.
-Не ни треба самоизолација, ни требаат пријатели и поддршка, изјавил Бегај во интервју за Гласот на Америка, додавајќи дека Албанија го поддржува дијалогот со посредство на Европската унија и поддржан од САД.
Нагласил дека на секоја средба што ја имал како шеф на држава, со секој меѓународен партнер, во секоја меѓународна организација, ја изразил потребата од поддршка за Косово, не само како морална поддршка, туку и во поглед на нови признавања.
-Всушност, поддршката на Косово е неопходност, неопходност не само за Косово, туку и за целиот регион, поради фактот што албанскиот фактор е важен фактор за мир, безбедност, благосостојба и одржлив развој.
Албанскиот фактор во својата ДНК го има европскиот дух и евроатлантското патување, посочил Бегај.
Се задржал и на прашањето за апсењето на реизбраниот градоначалник на општина Химара, Фреди Белери, што доведе до влошување на односите меѓу Тирана и Атина.
-Треба да се чека одлуката на правосудните институции, во чија независност верувам целосно.
Кога ќе проговори правдата, тогаш можеме да дејствуваме, рекол претседателот Бегај, јави албанската државна агенција, АТА.
Ново на Сител
-
Ангелов: ДЗС и ЦУК ќе станат една институција по локалните избори
-
Студентски протести во Србија во повеќе од 30 градови, се бара распишување предвремени избори
-
Лишени од слобода двајца турски државјани, пронајдена дрога и куршуми
-
Кац: И наредив на армијата да напредува во Појасот Газа без оглед на преговорите
-
Втора рунда директни преговори помеѓу Украина и Русија
-
Франција поради пренатрупаност на своите капацитети размислува за изнајмување затвори во Источна Европа
-
Во Велика Британија за еден ден преку Ла Манш пристигнале 1.194 мигранти
-
Водата во Скопје е санитарно исправна и може да се употребува, соопшти Водовод по интервенцијата во дел од градот