Бегај: Го замолив папата, Светата столица да ја признае независноста на Косово
Албанскиот претседател Бајрам Бегај, кој беше во посета на Ватикан, во интервју за италијанскиот весник „Ил Темпо“ изјавил дека на средбата со папата Франциск го замолил Светата столица да ја признае независноста на Косово.
– Несомнено е дека улогата на папата во одржувањето на мирот на Балканот е исклучително важна. Поради оваа причина, го замолив папата Франциск, Светата столица да ја признае независноста на Косово, бидејќи таквиот чекор ќе даде силен поттик за унапредување на бавниот процес на Дијалог меѓу Приштина и Белград, истакна Бегај.
Тој ја нагласи клучната важност од проширувањето на ЕУ на Западен Балкан. Бегај повикувајќи се на досегашното искуство, наведе дека „не се играат војни на територии со проблематично минато и кои, сè уште и денес целосно не ги надминале тензиите“.
– Потребна е здрава европска визија за иднината, континуиран дијалог кој произведува позитивна енергија и економски просперитет. Експанзијата на Европа кон Балканот не треба да биде соочена со евроскептицизам во самата ЕУ, оцени Бегај во интервјуто за „Ил Темпо“.
При тој ја акцентира потребата од зајакн вање на врската меѓу Светата столица и Албанија.
Албанија и Ватикан ги обновија дипломатските односи во 1991 година.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка