-->
-->
Бегај да не пукам и во тебе - Што точно се случувало во скопската клиника?
-->

Граѓанин на околу 30 години, незадоволен што мајка му починала на Абдоменална хириргија, пукал утрово во дежурниот лекар Љубомир Огненовиќ (41). Лекарот има две прострелни рани во едната нога, но е опериран и е надвор од животна опасност.
Жената била примена синоќа со тешка дијагноза по што итно била оперирана. Таа починала утрово во шок соба.
Неофицијално, синот утрово дошол во клиниката, влегол во канцеларијата на дежурниот лекар и во него испукал 4-5 куршуми, пукал и во сестрата, но неа ја промашил. На излегување избуткал друг лекар кој во тој момент се нашол пред канцеларијата на дежурниот лекар и му се обратил со зборовите: „Бегај да не пукам и во тебе!".
Пред околу еден час Клиниката ја посети и министерот за здравство Никола Тодоров.
Лекарите се револтирани и се чувствуваат загрозено и размислуваат во знак на револт да прекинат со операциите, а најавија мирен протест за 12 часот.
Велат дека ова е последица на постојано политичко уривање на институциите, од судии преку наставници до лекари. Потоа секој си зема право да спроведува своја правдина.
Лекарите се револтирани што граѓаните со години се бомбардораат со информации против лекарите, а тоа доведе до ова - тие да се чувствуваат небезбедно на своите работни места.
Полицијата соопшти само дека ги привела тројцата напаѓачи, Албанци. Од МВР потврдуваат дека се приведени три лица од Скопје на возраст од 30, 34 и 36 години. Повеќе детали засега не откриваат.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Црн чад над Сикстинската капела во Ватикан
-
ПМФЛ: Шкендија со триумф над Работнички ја обезбеди шампионската титула
-
Започна конклавата за избор на нов папа
-
Пронајден починат маж во Бутел
-
Николски за заемот од 6 милијарди евра: Делот за тоа колку ќе се задолжиме е погрешно пренесен
-
Учество на министерот Муцунски на неформалниот состанок во GYMNICH формат
-
Во првиот квартал извоз во вредност од 1 928.6 милиони евра
-
ЕУ ги повика Индија и Пакистан да покажат воздржаност