БЕГ АД: Регулаторна одредува тарифа за топлинска енергија спротивно на законот

Балкан Енерџи Груп АД ја демантира денешната изјава на претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски.
“Одлуката на РКЕ за определување на тарифата на топлинска енергија за Дистрибуција на топлина Балкан Енерџи ДООЕЛ е спротивна на Законот за енергетика. Од тие причини Дистрибуција на топлина Балкан Енерџи ДООЕЛ поднесе тужба пред надлежен суд за да ја оспори истата”, пишува во демантот, што компанијата го испрати попладнево до медиумите.
“Треба да се нагласи дека, доколку ТЕ-ТО АД не работи и не испорачува топлинска енергија, трошоците за крајните корисници на топлинска енергија не само што нема да се намалат, туку ќе пораснат за повеќе од 7%. За 7% ќе поскапи и трошокот за набавка на природен гас на сите потрошувачи во Република Северна Македонија”, пишува понатаму во демантот.
Од компанијата велат дека не била соодветна ниту споредбата што првиот човек на Регулаторна ја кнаправи со германскиот пазар, бидејќи, според БЕГ АД, Германија има развиен пазар на природен гас и достапност до енергенсот на европските берзи, каде цените се многу пониски отколку во земјава.
“Не е вистинит делот во изјавата дека когенеративните постројки за производство на електрична енергија и топлина имаат повисока ефикасност од едногенеративните постројки за производство на топлинска енергија, односно топланите. Ефикасноста на ТЕ-ТО АД при производството на електрична и топлинска енергија не надминува 80%, а додека ефикасноста на топланите управувани од БЕГ надминува 98%”, се вели во демантот.
Од компанијата напоменуваат дека согласно Правилникот, тие целосно ги почитуваат правилата за работа, ги привршуваат подготовките за претстојната грејна сезона и ќе продолжат да ја вршат дејноста дистрибуција на топлинска енергија сè до 2047 година, до кога важи лиценцата што ја поседуваат.
Ново на Сител
-

Најмалку 64 мртви и повеќе од 179 повредени во судирот меѓу двата воза во Шпанија
-

Во двата воза што се судрија во Шпанија имало над 544 патници
-

580.000 евра од Германија легнале на сметка на 71-годишна жена од радовишко – со парите синот градел бесправно и купувал имот
-

Мицкоски му честитал на Срдановиќ за изборната победа, очекува продлабочување на економската соработка со Србија
-

Стојна не се откажува од наплатата за Куклица – се заканувала на посетители, па полицијата ја привела
-

Охрид: Египќанец украл телефон и пари од гости во хостелот каде што престојувал
-

35-годишна жена нападнала полицаец во Куманово
-

Четири лица уапсени за убиствата во Ѓорче Петров
