Бебе во тешка здравствена состојба оставено во центар на Велес, случаен минувач го однел в болница
Бебе во тешка здравствена состојба било оставено во центарот на Велес, случаен минувач го однел во болница, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.
- Синоќа во 17.40 часот во СВР - Велес, од болница во градот било пријавено дека од страна на случаен минувач, кај нив било донесено бебе, кое било оставено во велешкото централно градско подрачје. Извршен бил разговор со докторка од болницата, која рекла дека бебето било во тешка здравствена состојба и дополнително се чекаат резултати од здравствено испитување. Според докторката, по кратко време во болницата дошла С.К., на околу 20-годишна возраст и се претставила дека била мајка на бебето, но, потоа ја напуштила болницата, појаснија од СВР - Велес.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Утре во Белград голем протест против најавениот ископ на литиум
-
МП: Почнува процесот на изработка нов Закон за судска служба
-
Лишени од слобода две лица за незаконска сеча
-
Приведен крадец во Тетово
-
Идната недела портокалово ниво за опасност од високи температури
-
Испитување на „Галуп“: Македонците се вториот најгневен народ во Европа
-
Уапсен уште еден тинејџер од Ирак кој учествувал во планирање на нападот на концертот на Тејлор Свифт
-
Начевски и Николов ќе судат полуфинале на Олимписките игри