Бебе родено предвреме со 1260 гр, по 48 дена си замина од ГАК
Од ЈЗУ Универзитетска Клиника за Гинекологија и Акушерство – Скопје објавија за уште еден успех – за предвреме родено бебе кое здраво си замина дома.
„Во прегратките на своите родители, вчера во стабилна состојба и со телесна тежина од 2320 грама дома си замина уште едно предвреме родено бебе. После 48 дена поминати на одделението за интензивна нега и терапија (ОИНТ), нашата Мила Атанасова, која заедно со докторите и со сестрите ги надмина сите препреки, како здраво бебе, на наша огромна радост, ја испративме од Клиниката за гинекологија“ – велат од ГАК.
„Мила е родена во 27 гестациска недела, со тежина од само 1260 грама. И посакуваме да биде иста како што е и значењето на нејзиното име и да се бори низ животот со истиот жар што го покажа уште од првиот миг од своето раѓање, во текот на овој еден и пол месец поминат на ОИНТ. На мама и тато да им носи само убави моменти и радости“.
Ново на Сител
-
Трамп телефонски разговарал со Путин
-
Николоски: Поголем проблем во судството од корупцијата е немањето морал и однос кон јавноста
-
Рама: На изборите во Косово не давам предност на никого
-
Малолетник нападнат и ограбен во автобус на ЈСП
-
Ограбена аптека во Аеродром
-
Во Хрватска почна еднонеделен бојкот на маркетите Конзум
-
Тошковски: Потребни се сериозни реформи за поефикасен систем за справување со пожари и елементарни непогоди
-
Росица Кулакова: Kоренот на сите проблеми во општеството доаѓа од судскиот систем