„Бебе Готвач“ - прва македонска апликација за здрава исхрана на најмладите
Повеќе од 160 рецепти поделени по месеци, содржи првата македонска андроид апликација за здрава исхрана на најмладите - „Бебе Готвач“.
Покрај рецепти, апликацијата нуди и совети, планер за неделни мениа, како и табели за дохрана на бебињата кои ќе им помогнат на мајките при правилното воведување нови намирници за соодветната возраст на нивното дете.
„Бебе Готвач“ засега може да се преземе од Google Play Store https://play.google.com/store/
- Апликацијата ја работиме волонтерски, од љубов кон децата, мотивирани од непроценливото значење на правилната и здрава исхрана во градењето здрави деца, велат авторките на апликацијата Ирина Наков, Eлена Петковска и Весна Ѓурковска Каеска кои воедно се и администратори на фејсбук групата „Здрава храна, Здрави деца“.
„Бебе Готвач“ е програмирана од Александар Јордановски, андроид програмер, а сите рецепти и табели за дохрана се собирани од брошури за правилна исхрана на бебиња, готвачи за бебиња, искуства на други мајки, а, како што нагласуваат авторките, се е во согласност со препораките од Прирачникот за правилна исхрана на доенчиња и мали деца издаден од Институтот за Јавно Здравје на Република Македонија, како и неговата препорака за почнување со исхрана по шестиот месец од раѓањето на бебето.
Апликацијата нуди и планер за неделни мениа кои ќе го олеснат секојдневието на секоја мајка и со кои нема да треба да размислуваат што да зготват во денот, како и кошничка за намирници со која може да се обележат намирниците во рецептите кои се потребни за набавка.
Во овој момент „Бебе Готвач“ е достапна само за андроид уреди, но нејзините креатори се надеваат дека набрзо ќе имаат можност да ја адаптираат и за ios. Планираат натамошен развој на апликацијата во насока а зголемување на бројот и информациите.
Ново на Сител
-
Доживотен затвор за Усеин Р. кој со 42 убоди од нож ја уби Танкица Младеновска од Кочани
-
Училиштата каде што ќе се гласа на изборите, на 23 април и 7 мај ќе работат до 11 часот
-
„Сакаме да јадеме нешто“: Илјадници патници заробени на аеродромот во Дубаи
-
Во поплавите во Пакистан и во Авганистан загинаа приближно 140 луѓе
-
Одреден притвор за заменик директорот на косовската полиција, останатите полицајци ослободени
-
Битолчанец со воздушна пушка од својот балкон пукал кон куче скитник
-
Петмесечно бебе со пертусис хоспитализирано во прилепската болница
-
Во Велес исчезна 56-годишен маж