Живот
8. July 2018 - 8:44

Беа другари, беа водителски пар – Маријана Станојковска се збогува со Влатко Илиевски

Македонската водителка Маријана Станојковска потресена од веста за смртта на пејачот Влатко Илиевски јавно се збогува од својот колега и пријател. На својот Фејсбук профил објави заедничка фотографија со Влатко. Маријана и Влатко долго време беа водителски пар и заедно ја водеа емисијата „Бекстејџ“.

Пејачот синоќа во 23 часот беше пронајден мртов во својот автомобил, а се уште се истражува причината за смртта.