Бизнис
9. September 2016 - 13:32

БДП во вториот квартал зголемен за 2,2 отсто

Бруто-домашниот производ во Македонија во второто тримесечје од 2016 година се зголеми za 2.2 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Најголем пораст е забележан во секторите Градежништво од 31.0%, Стручни, научни и технички дејности, Административни и помошни услужни дејности од 11.5% и Финансиски дејности и дејности на осигурување од 4.9%. 

Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во второто тримесечје од 2016 година, номинално пораснала за 1.3%, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесува 69.5%.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 4.2%, а увозот забележа зголемување во номинален износ од 6.6%.