БДП со раст од 1,1 отсто во второто тримесечје од годинава

Стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) во второто тримесечје од 2023 година е 1,1 отсто според проценетите податоци на Државниот завод за статистика.
Во второто тримесечје од годинава, поголем пораст е забележан во секторите Е, Ж и З - Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 7,6 отсто и Финансиски дејности и дејности на осигурување од 5 отсто.
Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во второто тримесечје од 2023 година, номинално расте за 9,9 отсто, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесува 73,9 отсто.
Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално е зголемен за 2,6, а увозот на стоки и на услуги забележа намалување во номинален износ од 3 отсто.
Стапката на раст на БДП во првиот квартал годинава според податоците на ДЗС изнесуваше 2,1 процент. Проекциите на Министерството за финансии се дека БДП годинава ќе изнесува 2,5 отсто.
Ново на Сител
-

МЗ: Состојбата во Гостивар континуирано се следи, намален вкупниот број прегледи
-

Водата во Скопје квалитетна и безбедна за пиење
-

Кривична за сопственик и фирма поради сомнение за даночно затајување над 7,2 милиони денари
-

Групна тепачка помеѓу шест лица во Шуто Оризари
-

24-годишен тетовец со тврд предмет ја нападнал својата мајка
-

Ангелов и Јанчев: Пожарот во Кавадаречко се очекува до крајот на денот да биде изгаснат во целост
-

Македонија прва во Европа по растот на минималната плата
-

„Анима Мунди“ апелира за заштита на животните за време на топлотниот бран
