БДП по глава на жител вo Македонија е половина од оној на ЕУ
Во Северна Македонија, бруто домашниот производ по глава на жител е 59 отсто под просекот на ЕУ, покажуваат официјалните европски статистики.
Меѓу земјите-членки на ЕУ, Луксембург има највисок БДП по глава на жител, а Бугарија има најнизок.
Европската статистичка служба Евростат денеска соопшти дека БДП по глава на жител, мерка за економската активност, значително се разликува меѓу земјите-членки на ЕУ.
Во Луксембург, според податоците за 2023 година, БДП по глава на жител е за 139 отсто над просекот на ЕУ, по што следат Ирска (111 отсто) и Холандија (30 отсто). Високиот БДП по глава на жител на Ирска може делумно да се објасни со присуството на големи мултинационални компании кои поседуваат интелектуална сопственост.
Уште осум земји имаат повисок БДП по глава на жител од просекот на ЕУ - Данска, Австрија, Белгија, Германија, Шведска, Финска, Малта и Франција.
Бугарија има најнизок БДП по глава на жител, 36 отсто под просекот на ЕУ, потоа Грција (33 отсто) и Летонија (29 отсто).
Земјите од ЕФТА, Норвешка, Швајцарија и Исланд, исто така, имаат повисок БДП по глава на жител од просекот на ЕУ, за 73 отсто, 54 отсто и 34 отсто.
Меѓу земјите кандидати за членство, Турција има највисок БДП по глава на жител, 27 отсто помал од просекот на ЕУ, а по неа е Црна Гора (48 отсто под просекот).
Во Србија, БДП по жител е за 54 отсто помал од просекот на ЕУ, а во Албанија и Босна и Херцеговина за 65 отсто.
Во Србија разликата во однос на просекот на ЕУ постепено се намалува од 2013 година, кога изнесуваше 59 отсто.
Ново на Сител
-
ЦУК: Активни 11 пожари, еден под контрола
-
Потпишан договор за грант од 5,5 милиони евра за енергетска реконструкција на студентски домови
-
Најмалку осуммина повредени во невремето што попладнево го погоди Белград
-
ЕК за концертот на Томсон: Го осудуваме секој израз на фашизам, членките на ЕУ да го казнат говорот на омраза
-
Голема брзина над дозволената причина за несреќата во која загинаа Жота и Силва
-
Вардар и Алкалоид се двете македонски екипи во Лига Европа во ракомет
-
Владата прогласи кризна состојба од 30 дена поради пожарите
-
Можни прекини во водоснабдувањето во Општина Чаир и Железара поради прекин на електрична енергија