Батлер ужива на плажа со новата девојка
Шкотскиот заводник и актер 45 годишниот Жерар Батлер, очигледно, ја одбра жената покрај која ќе се смири. Некогашниот плејбој беше познат по кратките авантури со имиња како Џенифер Анистон, Камерон Дијаз, Наоми Кемпбел.

Батлер, инаку страсен сурфер, својот мир го пронајде во куќата на Малибу, каде што ужива со својата 39-годишна избраничка Морган Броун, инаку дизајнер на интериери.

Во врска се околу една година, а во едно неодамнешно интервју, тој призна дека секогаш трагал по посебен вид девојка, некоја со многу добро чувство за мода и стил.

– Некоја што иако е облечена во нешто наједноставно, знае како да го носи тоа . Да изгледа добро и само во сандалки, фармерки и маичка. Тоа е мојот тип на девојка. Тоа е жената во која би се вљубил – изјави тој.

Ново на Сител
-

Лажна пријава за бомба во траект со 958 лица на атинското пристаниште Пиреас
-

Охрабрувачки резултати од првото пребројување на дивокозите на Шар Планина
-

Томески: Пожар зафати куќи кај Бит - пазар, има материјална штета
-

Приведен Бака Прасе? Маскирани лица упаднале во неговиот стан и го одвеле
-

Водата во Скопје е безбедна за пиење
-

Акциска контрола за брзо возење - за шест часа констатирани 708 прекршоци
-

Реализирани 750 исплати денеска во „Алта банка“ во Битола, Струмица и Тетово, овозможени и уплати за комуналии и отплата на кредити
-

АХВ и Ветеринарната комора партнерски ќе бараат решенија за предизвиците
