-->
-->
Башар ал Асад признава дека сириската армија е „исцрпена“ од војната
-->

Сирискиот претседател Башар ал Асад изјави дека армијата е исцрпена од војната, како и дека армиските сили биле принудени да препуштат некои делови од земјата, за да се зачуваат други.
Ова е прв пат во досегашнот тек на војната во Сирија, која навлезе во петата година, претседателот Асад да признае дека армиските сили се „преоптоварени и исцедени„ од војувањето.
Во говор во Дамаск, сирискиот претседател откри дека армијата која му остана лојална, се соочува со недостиг од војници.
Западни експерти сметаат дека ваквата состојба е последица на полемиот број загинати, на дезертерствата и на раширеното одбегнување за пријавување во армиските сили.
Признанието на Асад за состојбата во која се наоѓа некогаш моќната армија на Сирија, која имаше 300 илјади луѓе под оружје, доаѓа само еден ден по прогласената амнестија за сите кои досега дезертирале од воените сили, или одбегнале да се пријават за војска.
Според сирискиот претседател, армијата нема доволен број војници за да се бранат сите делови од земјата, посебно, како што рече, откако вооружените опозициски бунтовници почнаа да добиваат помош во пари и оружје од странство, а пред се, од Саудиска Арабија, Турција и Катар.
Војската лојална на Асад сега ги брани само клучните области во земјата и главниот град Дамаск.
Годинава армијата мораше да им ги препушти на своите бројни противници, северозападната провинција и градот Идлиб, делови од југот на земјата, како и североистокот на Сирија, кои се под контрола на џихадистите од групата Исламска држава.
Опозицијата која делува од странство, проценува дека армијата и разните милиции кои војуваа на нејзина страна, имаат околу 80 илјади загинати.Западните извори тврдат дека досега во сириската војна имало 300 илјади загинати и неколку милиони раселени лица.
Претседателот Асад , сепак, рече дека „пораз и крах се зборови кои не постојат во речникот на сириската армија„ како и дека таа и покрај тешкотиите со кои се соочува, ќе победи во оваа војна.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Путин преку телефон му кажал на Трамп дека Русија нема агресивни планови кон Европа
-

Уапсени 11 возачи за „безобѕирно управување возило“, 10 возеле без возачка дозвола
-

Мицкоски: Да бидеме генерацијата која ќе ја внесе државата во ЕУ, но нема компромиси за идентитетот, јазикот и културата
-

Лавров: Русија е подготвена за преговори за решавање на украинското прашање
-

Мицкоски: Верувајте во нашата татковина, покажавме дека можеме да победуваме
-

Повреден 48-годишник при пукање во Арачиново
-

Приведен 48-годишник кој барал пари две години за да не објави интимни фотографии
-

Повозрасна жена нападнала малолетно девојче во Кисела Вода
