Барселона прва стигна до 100 гола: Напаѓачите на Флик најефикасни во Европа
Фудбалерите на Барселона се најефикасниот клуб во Европа, први постигнаа 100 гола оваа сезона. Поточно, на 32 натпревари постигнале 101 гол, пишува „Марка“.
Одбраната на Валенсија беше понижена, седум пати попушти пред каталонските напаѓачи, кои по период на криза повторно наликуваа на казнена експедиција. Каталонците имаат просек од 3,2 гола по натпревар и доколку продолжат со ова темпо, можеби ќе успеат да ги надминат 190-те гола постигнати од најефикасната генерација на Барселона во 21 век.
Имено, во сезоната 2011/12 тимот од клупата го предводеше Пеп Гвардиола, а на теренот беа Лионел Меси, Чави, Иниеста, Бускетс... и постигна 190 гола, во просек 2,9 по меч. Меси таа сезона постигна 73 гола во сите натпреварувања, освојувајќи го Копа дел Реј, Суперкупот на Шпанија, Суперкупот на Европа и Светското клупско првенство. Тој тим стигна до 100 гола на 31 натпревар, а на тимот на Ханси Флик му требаше еден натпревар повеќе.
Блиску зад Барселона оваа сезона се ПСВ со 97 гола на 30 натпревари, Спортинг Лисабон со 89 гола на 33 натпревари, Реал Мадрид постигна 84 пати (33 натпревари), како и Челси (34 натпревари). Ливерпул (34), Баерн (29) и Бенфика (32) постигнаа по 83.
Трите најефикасни екипи во 21 век беа: Барселона 190 гола (2011/12), Салцбург 181 гол (2013/14) и Ајакс 179 (2018/19).
Ново на Сител
-
Над 4.400 Романци во САД се соочуваат со депортација, за над 1.300 веќе се издадени решенија
-
Фросина Кулакова е 22-годишната девојка усмртена кај „Силбо“
-
74-годишник со остар предмет се заканувал на соседи во Карпош
-
Поведена дисциплинска постапка против Вишиот јавен обвинител на Скопје и еден јавен обвинител од истото обвинителство
-
Таравари: Жалам што за скандалот со Онкологија нема судски епилог
-
Нови 1.878 случаи на грип, вирусот најактивен во Кавадарци и Дебар
-
Општина Велес и годинава продолжува со исплата за новороденче по 3000 денари
-
Анкета на КСПС: Граѓаните ги оценија судските услуги со 3,1