-->
-->
Барселона победник на Светското клупско првенство
-->
Екипата на Барселона е победник на Светското клупско првенство кое што се одржуваше во Јапонија.
Барселона во финалето на ова натпреарување кое се одигра во јапоснкиот град Јокохама со 3:0 го победи јужно-американскиот првак Ривер Плата.
Европскиот шампион до победата го предводеше тандемот Меси - Суарез. Аргентинецот го постигна првиот гол (36.минута), а Уругваецот беше стрелец на следните два (49 и 68).
За Барселона ова е трета титула, а за шампионите од Европа вкупно осма. Јужноамериканските екипи остануваат на четирите трофеи во ова натпреварување.
Во мечот за бронзениот медал одигран утринава, составот на Хирошима (Јапонија) ја победи екипата на Гванжу (Кина) со 2:1.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ
-
Завршен митинг на Влен
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена