Барселона го одврати Чави од заминување, нов договор до 2025-та
Иако во јануари, разочаран од резултатите и перформансите на тимот, Чави Ернандез најави повлекување од тренерската клупа на Барселона на крајот од сезоната, младиот шеф на стручниот штаб доцна синоќа потпиша договор до 2025 година.
Потпретседателот на клубот, Рафа Јусте е пресреќен поради ваквиот епилог од преговорите меѓу играчката легенда на шпанскиот великан од „Камп Ноу“ и првиот човек на управата Жоан Лапорте одржани во домот на претседателот.
- Чави е многу возбуден поради проектот, тој продолжува да работи затоа што е ентузијаст и затоа што не сака. Тој е исклучително чесен човек, посветен на работата и наш Каталонец, што го покажува со дела, а не само со зборови. Никогаш не сме барале друг тренер, уверува менаџерот на клубот на актуелниот шампион на Шпанија.
Иако Барса со поразот во последното „Ел Класико“ практично му ја отстапи титулата на вечниот ривал Реал и ја заврши мисијата во Лигата на шампионите, повторно останувајќи без крајот на елитното европско натпреварување, раководството верува во Чави на долг рок.
- Одлуката беше едногласна. Спортскиот директор Деко сто проценти застана до тренерот. Не освоивме титули, но ентузијазмот останува. Ја подобруваме играта и им даваме простор на младите играчи. Верувам дека соработката со Чави ќе вроди со плод, оптимист е Јусте во врска со престојот на човекот кој тимот го презеде во 2021 година.
Ново на Сител
-
Влада: Уставните измените со одложено дејство се се уште во игра
-
Мицкоски: Сакаме да биде конструктивни но не плашат билатералните прашања
-
Италија сè уште ги признава само возачките дозволи со „Република Македонија“
-
Коцевски демантира дека вршел притисок врз обвинители
-
СДСМ предлага минималец од 450 евра, ВМРО-ДПМНЕ најде грешки во пресметката, реагираше и ССМ
-
Единствен регионален пазар – придобивки и предизвици
-
Преглед на вестите од светот
-
Филипче: Минимална плата 27.700 денари