Loading Video...
Фудбал
23. February 2019 - 18:15

Барса со пресврт и „хет-трик„ на Меси ја победи Севиља

Дуелот меѓу Севиља и Барселона го оправда приматот дерби на 25 коло на шпанската Ла Лига. 
 
Средбата во која домаќините два пати водеа, а во коа беа постигнати шест голови, заврши со победа на гостите со 4:2.
 
Севиља победаво 22-минута со голот Хесус Навас, но само четири минути подоцна (26) со својот прв гол израмни Лионел Меси. 
 
Во финишот на првиот дел, односно 42-минута Габриел Меркадо одново и донесе предност на Севиља. 
 
Во вториот дел Меси постигна уште два гола во 67-та и 85-тата минута, а конечните 4:2 за Барселона го постави Луис Суарез  во третата минута од судиското деполнение (90+3).