Loading Video...
Фудбал
19. December 2019 - 16:02

Барса и Реал одиграа супер меч во кој недостасуваа голови

Првото овосезонско „Ел Класико“ меѓу Барселона и Реал Мадрид заврши без голови 0-0. 

Пресметката на големите шпански гиганти донесе супер интересен фудбал, во кој двата има играа офанзивно, создаваа шанси, но на крајот речиси 95-те илјади гледачи присутни на „Камп Ноу“ како и милионскиот аудиториум ширум светот, останаа ускратени за задоволството да видат по неколку гола на обете страни. 

Единствениот кој го постигна Герет Белј во 74-тата минута, беше поништен поради офсајд ситуација во која претходно се најде Менди кој му асистираше на Велшанецот. 

Претходно за „Кралевите“ се обидоа и Варан, и Крос, а на спротивната страна големи шанси пропуштија Алба и Меси. 

Покрај промашувањата, мечот го одбележаа и дури осумте жолти картони, три кај Барца и пет за гостинските фудбалери. 

Така Барселона и Реал по 17 одиграни натпревари и со ист број на бодови 36 остануваат во мртва трка за шампионската титула, а нивни најблизок конкурент е Севиља која има пет бода помалку.