Барни Сандерс повика за помилување на Сноуден

Сенаторот од Вермонт Барни Сандерс повика за помилување на Едвард Сноуден, поранешниот соработник на американската Агенција за национална безбедност (НСА), кој објави тајни документи на разузнавачките служби.
Сандерс го упати повикот во коментар, објавен во денешното издание на британскиот весник „Гардијан“.
- Информациите кои ги изнесе Сноуден му помогнаа на Конгресот и на американскиот народ да го разберат степенот до кој НСА ги злоупотребувала надлежностите и да ги научат уставните права на Американците, нагласи Сандерс.
Според него интересите на правосудството најдобро ќе бидат остварени доколку Владата во една или друга форма покаже милост кон Сноуден или усвои спогодба за признавање на вината, со која тој ќе биде спасен од долгогодишна затворска казна или од постојан прогон.
Групи за заштита на човековите права го повикаа вчера претседателот на САД Барак Обама да застане на вистинската страна на историјата пред да го напушти кабинетот и да го помилува Сноуден.
Сноуден живее во Москва од 2013 година.
Ново на Сител
-

Потврда на идентитетот, повисоки плати и пензии и даночни олеснувања – СДСМ ја промовираше програмата
-

Стартува собраниската расправа за законот за Совет на јавни обвинители
-

УМС на ВМРО-ДПМНЕ домаќин на настан на студентската организација на Европската народна партија
-

Домот за стари лица во Кочани станува реалност
-

Охрид со богата културна програма привлекува посетители
-

Преглед на вестите од светот
-

Пратенички прашања – Цена на станови, мерки, јавен обвинител...
-

Тема на денот со Јованка Тренчевска, потпретседател на СДСМ
