Барбара трогната од емотивниот статус на Дарко Спејко за Ервин!
Победникот на „Големиот брат“, македонскиот претставник Дарко Петковски се уште ги средува впечатоците од реалното шоу, но времето го посветува и за гостување во разни емисии и средби со најблиските.
Откако Спејко повторно стана активен на социјалните мрежи, почна да објавува разни фотографии и статуси, а последниот го посвети на неговиот пријател од реалното шоу, Ервин Мујаковиќ.
Тој на својот профил на Фејсбук сподели фотографија, на која се гледа како Ервин му приоѓа за да му ја честита победата во шоуто, а Дарко во описот на сликата го тагна Ервин и напиша – „Бевме нераздвојни во текот на 100 дена и најголема поддршка еден на друг. Благословена е мајката која те има“.
Ервин не остана должен на убавите зборови и возврати – „Брату мој, фала на се, за тебе сум тука секогаш…“ Изгледа дека на Барбара Шегетин не и се допадна што Дарко не ја спомна во статусот, па реши самата да го потсети – „А каде сум јас? Ве сакам души мои!“. Секако Спејко и возврати на коментарот, а ја спомна и нејзината сестра Тина, кон која тој покажа емоции во текот на шоуто – „И самата знаеш дека ти и Тина бевте секогаш со мене, како и јас со вас“.
Ново на Сител
-
Во октомври зголемени цените на угостителските услуги
-
Мет Лебланк од „Пријатели“ ѝ се посвети на новата работа со луксузни автомобили
-
Муцунски во Прага на средба со чешкиот министер за индустрија и трговија, Лукаш Влчек
-
Горан Весиќ и официјално ја поднесе оставката во српката Влада
-
Трето одложување на повтореното судење за пожарот модуларната болница во Тетово
-
Едно лице загина, а три се тешко повредени во сообраќајка кај село Рибарци
-
Седлоски нов тренер на Вардар
-
Претрес во Велес, пронајдена дрога, приведено едно лице