Барањата за упис во градинка да се праќаат на електронска адреса
Родителите и старателите кои се заинтересирани да ги запишат децата во еден од објектите на Општинската јавна установа детски градинки „Младост“ од Тетово тоа треба да го направат на електронската адреса. При поднесување на барање за упис потребно е родителот/старателот да посочи во кој oбјект во рамките на нашата установа планира да го запише своето дете.
-Како една од превентивните мерки за заштита на здравјето и овозможување на безконтактна административна услуга, нашата градинка ОЈУДГ“Младост“-Тетово воведува нова постапка за електронско поднесување на барања за електронско запишување (аплицирање) за нови деца во нашата установа. Барањата треба да го испрати родител/старател на детето и тоа на следната меил адреса: upisigradinka@gmail.
Потребни податоци при поднесување на барањето за упис се следните: податоци за детето: (име и презиме, дата на раѓање) податоци за родителот/старател: (име и презиме на двата родитела), дали е вработен родителот – мајка/татко како и контакт телефон.
Изминатиов период се изврши скринингот на вработените, а резултатите целосно ќе бидат познати во текот на оваа недела. Резултатите од уписите и известувањата до родителите ќе се знаат во текот на јуни согласно препораките за работа на градинките.
Ново на Сител
-
Не само во Челопек министерката Јанева најави вонредни инспекции и во други училишта каде деца носеле симболи на УЧК
-
Струјата нема да поскапи повеќе од 1%, еден час плус дневна евтина тарифа засега ќе нема
-
Словенија бара 5.000 работници од Македонија
-
Постапка за Екс директор
-
Респираторните инфекции ги полнат педијатриските амбуланти и клиниките!
-
Преглед на вестите од свет
-
Евиденција на основните средства на јавните комунални претпријатија
-
Дали ќе поскапи струјата?