Бановиќ: Црногорската Влада не може да обезбеди услови за регуларен изборен натпревар
– Изборите се најреална опција за решавање на политичката криза во Црна Гора, но актуелната влада не покажува дека може да обезбеди услови за регуларен изборен натпревар, ниту, пак, тоа треба да и се препушти, изјави заменик претседателот на Социјалдемократската партија на Црна Гора, Борислав Бановиќ.
Коментирајќи ја изјавата на еден од лидерите на Демократскиот фронт (ДФ), Милан Кнежевиќ, дека тие ќе бараат меѓународно посредување со цел да се создадат услови за одржување предвремени парламентарни избори, Бановиќ кажа дека домашните политички актери мора да најдат соодветен модел на Влада и да обезбедат демократски изборен процес.
-Доколку дипломатските претставници во земјата можат да придонесат во потрагата по решение, тие треба да се искористат. Ние не сметаме дека друг вид интернационализација е пожелен и неопходен, посочи Бановиќ.
Тој додаде дека сите членови на четворниот сојуз: ДФ, Демократи, Српската православна црква и Ура, по неуспешниот експеримент со владата, признаа дека е изгубена скапоцена година.
-Место да ги решат насобраните економски, политички и здравствени проблеми тие неодговорно и несериозно потрошија една година во расправии за функции и партиски распределби, рече тој.
Бановиќ смета дека фактот што веќе пет месеци ги блокираа најважните државни органи: Собранието и Владата, а кои тие самите ги водат, доволно зборува за натамошната неодржливост на моменталната ситуација.
-Затоа распуштањето на таквата влада и разидувањето на таквото мнозинство е веројатно најдобриот потег што можат да го направат, рече Бановиќ.
Ново на Сител
-

Опожарено возило во населба Драчево, нема повредени
-

Брнабиќ: Односот на ЕУ кон Северна Македонија е крајно неправеден и го урива кредибилитетот на Унијата
-

Приведени 18 возачи за безобѕирно управување возило, 12 возеле без дозвола
-

Мицкоски: Македонија и Словенија ќе ја продлабочуваат политичката и економската соработка
-

Приведени три лица, а вкупно пет пријави за семејно насилство во последното деноноќие
-

Приведени двајца крадци во Скопје, одземеното е пронајдено и вратено на сопственикот
-

Д-р Гавриловска Брзанов со повик за поддршка на органодарителството
-

Г.г. Стефан на молебенот за св Кирил: Вашето дело не исчезна со вековите, вашата жртва раѓа нови плодови
