Банки инвестирале 498 милијарди долари во нуклеарно оружје за три години
Банки од различни земји инвестирале 498 милијарди долари во нуклеарно оружје во изминатите три години, се наведува во извештајот на Организацијата за заштита на мирот „ПАКС“, јавија белгиски медиуми.
Во документот се посочува дека белгиската банка Ка-Бе-Ес вложила 117 милиони евра од 2013 година во работата на корпорација, која се занимава со производство и поддршка на британскиот нуклеарен арсенал.
Банката Бе-Ен-Пе Париба фортис истиот период обезбедила над 9 милијарди евра за нуклеарната индустрија, со што ја зазема челната позиција во Европа.
Банките Ај-Ен-Џи и Дојче банк исто така учествувале во ваков вид финансирање преку обезбедување заеми или акции во вредност од 457 милиони, односно 3,7 милијарди долари.
Во светот примат меѓу инвеститорите во нуклеарното вооружување имаат банките од САД - 89 милијарди долари биле обезбедени од Блек Рок, Кепитал груп и Вангард.
Во информацијата се додава дека за денеска во Брисел се закажани протести пред седиштата на тие банки во градот.
Ново на Сител
-
Земјотрес почувствуван во Дојран
-
Авион полн со патници погоден од куршум на аеродром во Далас
-
Мајк Тајсон поразен од јутјуберот Џејк Пол
-
Јапонскиот министер за надворешни работи во ненајавена посета на Украина
-
Бајден: Доаѓа време на големи политички промени
-
Претпладне облачно со сончеви периоди, попладне ведро
-
Состојба на патиштата
-
Тешко повреден скопјанец - Избоден со нож поради недоразбирање во сообраќајот