-->
-->
Бандера за струја како адреса на илјадници Македонци со бугарски пасоши
-->
Бандера за струја во едно село близу Благоевград е „адресата“ на илјадници Македонци со бугарски пасош, како дел од големата шема за продавање бугарски државјанства за пари, вели Катја Матева во разговор за „ЕУ Обсервер“, пренесува МЕТА.
Таа е поранешен директор за државјанства во бугарското Министерство за правда.
Работела таму до 2016 година, кога добила отказ бидејќи, како што вели, одбила да учествува во нелегалното доделување бугарски државјанства за пари.
Матева вели дека кметот на селото близу Благоевград регистрирал адреса на бандерата за да ја запише како бугарска адреса на државјаните на Македонија кои побарале уверение за бугарско потекло.
Илјадници луѓе се регистрирани на оваа бандера – објаснува поранешната директорка во министерството за правда за „ЕУ Обсервер“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ демантира дека разговара за ресори и поделба на власта со „Вреди“
-
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија
-
Србија испраќа хуманитарна помош за Газа
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа