-->
-->
Балканска поддршка за Инфантино
-->

Денеска во хотел Метропол во Белград се одржа регионален состанок на кој присуствуваа претставниците на 13 европски национални сојузи и високи претставници на Европската фудбалска унија (УЕФА). Овој пат, домаќин на овој состанок беше Фудбалскиот Сојуз на Србија и нејзиниот претстедател Томислав Караџиќ, кој претстедаваше со овој состанок.
На денешниот состанок присуствуваа високи делегации на следните фудбалски федерации – Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Кипар, Грција, Македонија, Црна Гора, Романија, Словенија и Србија, а за прв пат присутни беа и претставници на Русија и Турција. Исто така, активно учевство на состанокот имаа и највисоките претставници на УЕФА, предводени од првиот потпретседател на УЕФА Анхел Мариј Вилјар, генералниот секретар Џани Инфантино и заменик генералниот секретар Теодор Теодоридис. Исто така, присутни беа и директорот на одделението за натпреваување при УЕФА Џорџо Маркети, шефот на оддлението за интегритет на натпреварувањата при УЕФА Урс Клусер и менаџерот на одделението за маркетинг при УЕФА Ноел Муни.
Присутните ги анализираа сите важни прашања кои претходат на одржувањето на двата важни конгерси – Вонредниот конгрес на УЕФА (Цирих, 25 Фебруари) и Вонредниот конгрес на ФИФА (Цирих, 26 Февруари). Познато е дека на собранието на Вонредниот конгрес на ФИФА ќе биде избран нов претседател на светската фудбалска федерација, а на денешниот состанок испратена е едногласна и единствена поддршка од страна на присутните претседатели на националните федерации за Џани Инфантино и неговата кандидатура за претседател на ФИФА. Со сигурност може да се каже дека се работи за најдбриот кандидат за местото лидер на светското фудбалско семејство.
На овој состанок се зборуваше и за актуелната ситуација во УЕФА и подготовките за наредниот значаен состанок на оваа организација. Наредното редовно собрание на Конгресот на УЕФА, 40 по ред, ќе се одржи на 3 мај во Будимпешта.
За време на состанокот беа одржани и три презентации од страна на претставниците на УЕФА, на тема воведување на евентуални новитети во натпреварувањето на малдинските категории, дополнителни заштити на интегритетот на натпреварувањето и маркетингот.
За датумот и местото на одржување на следниот состанок наскоро ќе ви испратиме соопштение.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Љупчо Петковски, аналитичар
-

Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите, фокус е ефикасност на институциите
-

Кога бесплатен роаминг со ЕУ?
-

Софија не прифаќа европски медијатор во дијалогот со Скопје
-

Откупот на тутунот ќе започне на 16 ноември, се очекува откуп во една класа по цена нешто поголема од лани
-

Партиите со меѓусебни обвинувања за Алта банка
-

Независниот синдикат на професионални војници излезе на протест пред Владата
-

Во Дојран откриен најстариот меч во Македонија, стар околу 3.500 години
