-->
-->
Балевски го објави списокот на фудбалерки за претстојните квалификациски натпревари
-->
Селекторот на женската фудбалска репрезентација на Македонија, Ванчо Балевски го објави списокот на фудбалерки на кои ќе смета за претстојните два натпревари против Белорусија и Шкотска.
За дуелите во квалификациите за Европското првенство кое во 2017 година ќе се одржи во Холандија, Балевски ги повика следните фудбалерки: Викторија Донева (Драгон), Маја Анѓеловска (Драгон), Наталија Наумов (Драгон), Катерина Милевска (Кочани), Бојана Иванова (Истатов), Фроска Костова (Кочани), Александра Ристовска(Тиверија), Ели Јаковска (Суботица), Душанка Пејкова (Истатов), Драгана Костова (Драгон), Ленче Андреевска (Драгон), Рочи Гентјана (Клопенбург), Сијче Андонова (Нојндорф), Афродита Салихи (Кочани), Наташа Андонова (Росенгард), Јана Чубриновска (Кочани), Александра Марковска (Суботица), Шкипе Бојку (АС Јунајтед), Милка Арсова (Кочани).
„Во првиот натпревар со Белорусија очекуваме сигурна победа, ќе дадеме максимум и ќе ја искористиме позитивната атмосфера во тимот да ја наградиме со победа. Натпреварот против Шкотска ќе биде многу тежок, со оглед на тоа дека веќе игравме со оваа селекција на домашен терен и загубивме, но сепак не се предаваме пред време ќе дадеме максимум и на тој натпревар. Ќе пробаме да дадеме повеќе голови па дури и да изненадиме’’, изјавил селекторот Ванчо Балевски, за веб страната на ФФМ.
Натпреварот, Македонија – Белорусија, ќе се игра во четврток (26 ноември), на тренинг центарот на ФФМ, односно теренот „Петар Милошевски’’ со почеток од 13 часот, додека гостувањето во Шкотска е на 29 ноември (недела), со почеток во 15 часот.
Досега нашата женска селекција одигра два натпревари во квалификациите, и двата во Скопје ги загуби убедливо, од Шкотска со 4:1 и Исланд со 4:0.
Токму, Шкотска и Исланд се двете водечки селекции во групата 1 и тоа со максимални 9 бодови, додека Македонија и Белорусија досега немаат освоено бод, а црвено-жолтите имаат одиграно еден натпревар помалку.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Намалена видливост поради магла на Стража
-
Ватикан: Здравствената состојба на папата Франциск е стабилна
-
Во Скопје се одржа трет протестен марш „Кој е следен“
-
Детектор анкета: Секој трет размислува да се исели од Македонија
-
Шкендија нов лидер вo ПМФЛ
-
Малолетник од Косово удрил двајца пешаци во Скопје, едниот се здобил со тешки телесни повреди - поднесена пријава
-
Meдведев со саркастична порака по суспензија на Синер
-
Напаѓачот кој вчера со нож уби момче во Австрија бил исламист